• slide
    slide

Најчесто поставувани прашања

Како ќе знам дека детето има овчи сипаници?

Кај децата овчите сипаници обично почнуваат со покачена температура, лесна главоболка, односно со симптоми слични на грип кои траат три до четири дена. После тоа следува карактеристичен осип како точки пратен со чешање. Пликовите се наполнети со бистра течност.

Дали овчите сипаници се заразни?

Овчите сипаници или варичела се инфективно и по цел свет распространето вирусно заболување. Причинител на овчите сипаници е херпес вирусот Varicella zoster. Овој многу инфективен вирус се пренесува со директен контакт или капково.

Мора ли детето со овчи сипаници да биде изолирано?

Да, детето со овчи сипаници мора да остане дома затоа што вирусот е многу заразен и може да биде многу опасен за бремени жени и лица со ослабен имунитет.

Колку долго детето е инфективно?

Пациентот е инфективен два дена пред појава на осипот и уште пет дена после избивање на последниот осип.

Дали морам да го однесам детето на лекар?

Ако се сомневате дека Вашето дете има овчи сипаници, известете го Вашиот педијатар. Тој ќе ви каже во која фаза на болеста можете да дојдете со детето на лекар за да ја потврди болеста.

Ако приметите било кој од овие симптоми веднаш обратете се на педијатар:

  • покачена температура која трае повеќе од четири дена и е повисока од 39° Целзиусови.
  • силна кашлица и отежнато дишење
  • црвено,на допир топло, отечено и воспалено подрачје со осип од каде се цеди густа безбојна течност
  • јака главоболка
  • невообичаена поспаност, детето тешко се буди
  • детето тешко поднесува јака светлина
  • отежнат од
  • малаксаност
  • детето делува многу болно и повраќа
  • вкочанет врат
Колку долго трае инкубацијата на болеста?

Од инфекцијата до појава на првите знаци на болест вообичаено поминуваат 10 до 23 дена.

Дали е вистина дека од овчи сипаници можеш да заболиш само еднаш во животот?

Постои мал процент на луѓе кај кои овчите сипаници сепак можат да се повторат.

Дали постои вакцина против овчи сипаници?

За овчите сипаници постои вакцина и во некои земји вакцинирањето е дури задолжително. Можат да се вакцинираат и деца и возрасни. Вакцината содржи живи и ослабени вируси на Varicella zoster. За заштита се препорачуваат две дози на вакцина на растојание од 4 до 8 недели.

Дали детето со овчи сипаници смее да се тушира?

Кај овчите сипаници лекарите препорачуваат туширање со млака вода 2 до 3 пати дневно. На тој начин се разладува кожата и последователно се намалува јадежот. По туширањето нежно со пешкир само впијте ги капките вода од кожата за де не ги дупнете пликовите и да доведете до појава на лузни. Бањање и потопување во када не се препорачува.

Особено внимавајте при нега на пеленскиот дел кај бебињата ако сеуште носат пелени. Дополнителната влажност го забрзува размножувањето на бактериите и го успорува сушењето на пликовите.

Дали овчите сипаници се опасни за бремени жени?

Овчите сипаници се многу опасни за бремените жени, особено во првото тромесечие кога вирусот пренесен на фетусот може да предизвика тешки оштетувања на фетусот или дури и прекин на бременоста.

Како делува PoxClin®?

Најчестата тегоба кај овчите сипаници е чешањето кое може да предизвика дополнителни компликации или трајни лузни, заради тоа лекувањето е насочено првенствено кон смирување на чешањето.

PoxClin® пената за ладење содржи комплекс 2QR, патентиран инхибитор на бактерии кој е изолиран од растението Aloe barbedensis. 2QR ги спречува бактериите со создавање на физичка бариера помеѓу кожата и бактериите. На тој начин спречува бактериите да се размножат на кожата и да предизвикаат бактериска инфекција. Со намалување на можноста за инфекција PoxClin® пената за ладење овозможува природен процес на зараснување и помага во спречување на појава на лузни од чешањето.

Од која возраст може да се употребува PoxClin® пената за ладење?

Се советува употреба на PoxClin® пената за ладење од 6 месечна возраст.

Дали PoxClin® пената за ладење може да ја употребуваат и возрасни?

PoxClin® пената за ладење можат да ја употребуваат и деца и возрасни.

Колку пати на ден може да се нанесе PoxClin® пената за ладење?

PoxClin® пената за ладење се препорачува да се нанесува најмалку три пати на ден, односно секој пат кога треба да се ублажат симптомите.

Дали PoxClin® пената за ладење треба да се втрие во кожата?

Пената не треба јако да се втрие во кожата затоа што тоа би било болно за пациентот, а освен тоа би можеле да пукнат пликовите. PoxClin® пената за ладење е многу лесна и нежно се нанесува на површината на кожата. После неколку минути сама продира во кожата, а дел од неа ќе ветрее; тоа ветреење предизвикува дополнителен ефект на ладење.

Баш затоа што е во облик напена, PoxClin® може да се нанесува на голема површина.

Дали PoxClin® пената за ладење смее да се нанесе на лице?

PoxClin® пената за ладење може да се нанесува и на лице и на тело. Меѓутоа не е соодветна за ублажување на чешањето на слузокожата.

Каде може да се купи PoxClin® пената за ладење?

PoxClin® пената за ладење е достапна во сите аптеки.

Дали една PoxClin® пена за ладење е доволна за целиот процес на болеста?

Да, вообичаено една пена е доволна за целиот тек на болеста.

Колкава е количината на пената во пакување и колку кошта?

Пакувањето содржи 100 мл PoxClin® пена за ладење. Цената на производот е приближно 550,00 ден. (цената во аптеките може малку да се разликува). Една PoxClin® пена за ладење е доволна за ублажување на чешањето во тек на целиот процес на болеста.