• slide
    slide

Што претставуваат овчите сипаници?

Овчи сипаници или варичела се инфективно и по цел свет раширено вирусно заболување. Најголем број на луѓе ги прележуваат во детството и тоа е добро затоа што тогаш болеста се јавува во поблага форма.

Овчите сипаници ги предизвикува херпес вирусот Varicella zoster. Овој инфективен вирус се пренесува со непосреден контакт или по капков пат. Кога ќе ја прележиме болеста, вирусот останува во телото, меѓутоа од овчи сипаници повеќе нема да заболиме.

Како ќе препознаеме дека се работи за овчи сипаници?

Кај децата овчите сипаници најчесто започнуваат со покачена температура, лесна главоболка, односно со симптоми слични на грип кои траат три до четири дена.

После тоа следува специфичен осип во облик на точки проследени со чешање, а точките, односно пликовите се наполннети со бистра течност. Осипот по правило прво се јавува по главата (и по скалпот), потоа по телото и на крај на екстремитетите. Осипот се јавува во бранови, и секој пат кога ќе избие можна е покачена температура. Кожата во пределот на осипот многу чеша.

Тек на болеста

Овчите сипаници кај инаку здравите деца вообичаено е лесно заболување, а потежок тек на болеста може да се очекува само кај новороденчиња, возрасни и постари особи.

После почетните знаци слични на грип следува осип пратен со чешање. Започнува како црвенкаста дамка (ефлоресценција). На неа после неколку часа се појавува овален плик со големина од 2-3 мм, наполнет со бистра течност. Оваа содржина после ден или два станува заматена, а површината на пликот на средина се вдлабнува. Свежите пликови се создаваат во траење од еден до шест дена. После неколку дена пликот преминува во круста, која отпаѓа после пет до седум дена. Пациентот на кој му се формирале крусти веќе не е инфективен.

Како се лекуваат овчи сипаници?

Лекувањето е симптоматско, што значи дека јадежот може да се ублажи, со што се спречува чешањето, можните понатамошни компликации и трајни лузни.

Лекарот може да му препише на детето лекови кои го ублажуваат чешањето (антихистаминици), лекови за намалување на температурата (антипиретици), а ако детето има болки и лекови за ублажување на болките (аналгетици).

Од појава на првиот осип па натаму, симптомите можат да се ублажат со употреба на пена за разладување PoxClin®.

    PoxClin® пена
  • ја лади и смирува кожата
  • брзо го ублажува чешањето
  • ја намалува можноста за појава на трајни лузни

Со намалување на јадежот се намалува чешањето. Колку помалку се чешаме се намалува можноста за појава на трајни лузни или секундарни инфекции.